• Monday, 13 January 2025

Коњановски изврши увид во активностите на локалните јавни претпријатија задолжени за расчистување на снегот

Коњановски изврши увид во активностите на локалните јавни претпријатија задолжени за расчистување на снегот

Битола, 12 јануари 2025 (МИА) – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска, изврши увид на активностите и акциите што ги вршат локалните јавни претпријатија задолжени за реализација на програмата на зимската служба во градот.

Екипите задолжени за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, отворените и затворени паркинзи постојано се на терен, а освен локалните комунални јавни претпријатија, координацијата е на највисоко ниво и со „Македонија пат“ кои вршат расчистување на снегот на регионалните патни правци, информираа од Општина Битола.

Во зимската служба и расчистување на сообраќајниците во битолскиот дел на Пелагонија, со своја механизација вклучени се и ЈП Стрежево и АД ЕСМ Молика кои ги расчистуваат патиштата кои се под нивна надлежност.

– Ги повикувам претставниците на зимската служба на организирано и координирано делување, согласно донесената програма и синоќа одржаните координативни состаноци. Покрај расчистувањето, потребно е да се врши и посипување со сол и ризла, порача Коњановски.

Од Општина Битола потврдија дека со механизација се работи на терен и во поранешните општини Бистрица, Цапари и Кукуречани. мт/ра

Фото: Општина Битола