• Friday, 27 December 2024

Коцев: Ја градиме и развиваме општина Зрновци за сите генерации

Коцев: Ја градиме и развиваме општина Зрновци за сите генерации

Скопје, 26 декември 2024


Почитувани медиуми, драги сограѓани на општина Зрновци, веќе три полни години, заедно со Советот на општина Зрновци, вработената стручна служба во општината, локалните институции и сите вас работиме на реализација на проекти, решавање на тековни проблеми, креирање на стратегии за раст и развој на општина Зрновци, за доброто на сите генерации. 

На почетокот заедно изготвивме Програма која се базираше на три столба, градење на урбана општина Зрновци, економски стабилна со здрава животна средина.

Поминаа три години со посветена работа, вложено многу труд и енергија, водени од начелата на транспарентност и отчетност денес со сигурност можеме да кажеме дека општина Зрновци се движи по патот на просперитет и успех, со реализирани огромен број проекти пред се за значително подобрување на животните услови на сите граѓани во општина Зрновци.

Во делот на урбанизамот како најзначаен сегмент за растење и развивање на една општина презедовме крупни чекори со уредување на градежното земјиште . Донесени урбанистички планови за сите населени места, започната постапка урбанистички проект за нова индустриска зона, извршена парцелација со кои се добиени 25 плацеви за индивидуално домување, во завршна фаза постапка за разработување на урбанистички блокови со вкупна површина од околу 25 хектари во кои ќе произлезат градежни парцели за околу 100 викенд куќи, индустриска зона за лесна индустрија, станица за технички преглед, бензинска пумпа, хотел, јавни здравствени установи, дом за стари лица, површини за спорт и рекреација, со еден збор сето она што го отсликува една модерна и урбана општина

Во делот на патната инфраструктура изградени се и реконструирани повеќе локални патишта и улици со вкупна должина од 5 километри.

-       Локален пат село Зрновци – село Мородвис

-       Улица Филе Ристов

-       Улица Никола Карев

-       Обиколница и плоштад на истите

-       Крак 1 од улица Илинденска

-       Крак 2 од улица Илинденска

-       Улица Генерал Апостолски

-       Три улици во село Мородвис

-       Реконструирана главна улицата во село Видовиште

-       Како и изградено комплетно нова улица околу црквата св.Климент Охридски во село Видовиште

-       Потпишан договор за изградба на нов локален пат село Мородвис-Гробишта

-       Изграден тротоар на административниот влез во општина Зрновци на улица Илинденска во должина од 1500метри со кои што значително ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на најбитните-пешаците, како и добивање на комплетно нов урбан лик на општината

-       Бетонирани се пешачки патеки покрај улицата Аспарух Манев и Никола Карев со вкупна должина од 1000 метри

 

Во делот на водоводна и канализациона инфраструктура изграден е резервоар за водоснабдување во село Зрновци, нов доводен цевковод во село Видовиште во должина од околу 1000метри, во фаза на реализација е изградба на нов резервоар за водоснабдување во село Видовиште, изградени капитажи за физичко прочистување на водата за домаќинствата во село Мородвис и Видовиште, потпишан договор за реализација на проект армирано бетонска преграда односно мини акумулација на Морошка река, инсталирана нова секундарна водоводна линија за водоснабдување на домаќинствата во место викано Марена и Босилиградско маало со доволна количина и динамика, променети краци од секундарна водоводна мрежа на улица Авној дел од улици Илинденска и Генерал Апостолски со вкупна должина од околу 1000метри, изграден бунар-бушотина за водоснабдување како алтернативно решение во село Видовиште, изградена е прочистителна станица во село Видовиште проект со кој значително ја заштитуваме животната средина, обезбедени околу 400.000 евра за реализација на проект промена на секундарна водоводна мрежа во Зрновци кој што ќе започне со реализација почетокот на 2025 година, обезбедени се 2.800.000   денари и во постапка на избор на изведувач за проект реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем во општина Зрновци. Проект кој што ќе овозможи дистрибуирање на вода за домаќинствата во трите населени места.

Во делот на земјоделието изградени два бетонски помошни канали за наводнување на земјоделски површини во вкупна должина од 1400метри и две каскади на река Зрновка за зафаќање на вода за наводнување на земјоделските површини. со овие две главни артерии за наводнување опфатени се околу 100 хектари земјоделско земјиште со доволна количина и динамика за наводнување, значително олеснета е работата на земјоделците.  Изградени тампонирани и уредени пристапни патишта до земјоделско земјиште во место викано Убаво Поле и место викано Црквиште. Како и изготвена проектна документација  за изградба и тампонирање на Прибачевски пат и Бабареа Вада. Редовно одржување и тампонирање на планински патишта кон место викано Водна Кула Манастир св.Симеон, манастир св.Спас, манастир св.Тома и манастри св. Петка во Видовиште.

Во делот на урбаната и сообраќајната опрема изградена автобуска постројка инсталирани успорувачи на сообраќај на нај фреквентните улици во општина Зрновци како и поставување на сферни сообраќајни огледала.

За прв пат набавено нова комбинирана градежна машина ровокопач во вредност од 5.300.000 денари за потребите на општина Зрновци кои што значително најде улога за навремено решавање на проблемите во патната, водоводната и канализациона инфраструктура.

Во делот на спортот изготвен проект за изградба на спортско рекреативен центар за млади во висина од 6.500.000 денари, проект кој ќе започне со реализација 2025 година, изградена нова фитнес зона на отворено, формиран фудбалски клуб Светлост-Зрновци преку кој го развиваме фудбалот како масовен спорт. Во фаза е изработка на проект е изградба на куќата на спортот кој ќе започне со реализација 2025 година. Заедно со Локалниот Младински Совет општина Зрновци организира повеќе спортски настани како урбано-ридски крос и турнири во мал фудбал.

Општина Зрновци е партнер на младите преку Локалниот  Младински совет се организираат многубројни хуманитарни и еколошки акции како и спортски настани и културни манифестации, а по потпишаниот меморандум во месец декември за соработка со Фондот за развој на локална заедница-Штип започнуваме проект за реконструкција на три и изградба на комплетно нов парк со реквизити за детско игралиште.

Реновирани се канцелариските простории во општинската зграда како и набавена е нова компјутерска опрема за успешно и навремено извршување на работните задачи на стручната служба.

Во делот на образованието изготвен проект за реконструкција и проширување на објект на општинско основно училиште Синиша Стоилов.

Иако програмите  за работа на советот на општина Зрновци и на самата општина се со прогресивна политика во рамките на нашите можности водиме грижа  за социјалната политика, односно изминатите години по основ на стипендии новозапишани првачиња, новороденчиња, наградени ученици се исплатени околу 1.100.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, како на централно така и на локално ниво. Со домаќинско и посветено работење, продолжуваме сите заедно да ја градиме и развиваме општина Зрновци за доброто на сите генерации.

 

Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.