• Wednesday, 28 January 2026

Костовски: Изграден нов потпорен ѕид на улица „50“ во Радишани, реализирано уште едно ветување кон граѓаните

Костовски: Изграден нов потпорен ѕид на улица „50“ во Радишани, реализирано уште едно ветување кон граѓаните

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи информира дека изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица „50“ во Радишани. Посочува дека со ова е реализирано уште едно ветување кон граѓаните.

-Изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица „50“ во Радишани. Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на овој потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше небезбедно движење на граѓаните, се наведува во објавата на Општината.

Посочува дека со овој потпорен ѕид се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.

-Овој проект беше едно од најголемите барања на граѓаните од ова населено место кое се реализара! Наскоро ќе ја реконструираме и улицата која е оштетена поради лизгањето на земјиштето, вели Костовски. фф/вг/

Фото: Општина Бутел

You May Also Like