Концерти и театарски претстави на „Зимска приказна“ во Битола
- Новогодишната „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со концерти и театарски претстави за деца кои ќе се одржат во старата битолска чаршија и на платото од Офицерски дом.
Битола, 29 декември 2024 (МИА) - Новогодишната „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со концерти и театарски претстави за деца кои ќе се одржат во старата битолска чаршија и на платото од Офицерски дом.
Според програмата претпладнево членови на општинската организација на „Црвен Крст“ ќе ја изведат театарската претстава „Зошто Дедо Мраз носи црвено?“, а за најмладите, различни групи и актери ќе ги изведат претставите „Снежилка и Дедо Мраз“, „Пишувајте му писма на Дедо Мраз“, „Пипи долгиот чорап и снежната кралица“, „Новогодишни подароци“ и „Кралот Студ и Дедо Мраз“.
Во старата битолска чаршија денеска ќе настапат членовите на студиото Езгија кои ќе приредат концерт на изворни инструменти, како и групите „За мерак“ и „Ѓердан“ со што ќе биде заокружена дневната програма.
Во вечерната програма на платото пред Офицерски дом во Битола ќе натапат групите „Еликсир бенд“, „Чоканче“ и „Паркети“. мт/ац/
Фото: МИА архива