• Wednesday, 02 October 2024

Конкурс за стипендирање најдобар студент од општина Неготино за учебната 2024/2025 година

Конкурс за стипендирање најдобар студент од општина Неготино за учебната 2024/2025 година

Неготино, 1 октомври 2024 (МИА) - Локалната самоуправа објави конкурс за стипендирање најдобар студент од општина Неготино за учебната 2024/2025 година.

-Врз основа на деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на најдобар студент од општина Неготино, а во согласност со Програмата за активностите во областа на образованието, член 8 од правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии, Општина Неготино распиша конкурс за стипендирање на најдобар студент за учебната 2024/2025 година, пишува во објавата.

Како што е наведено на веб-страницата на локалната самоуправа, ќе биде доделена една стипендија во висина од 6.000 денари, што ќе се исплатува девет месеци во годината, со услов студентот во моментот на пријавувањето да има завршено најмалку една година од студиите на високото образование.

Рокот за пријавување е од денеска па сѐ до 22 октомври. Подетални информации може да се добијат на веб-страницата на локалната самоуправа. свд/мд/

Фото: МИА архива