Конгресменот Догет го повика Бајден да се повлече од претседателската трка
- Демократскиот конгресмен од Тексас, Лојд Догет денеска јавно го повика претседателот Џо Бајден да се повлече од трката за Белата куќа
- Post By Марина Илиевска
- 19:51, 2 July, 2024
Вашингтон, 2 јули 2024 (МИА) – Демократскиот конгресмен од Тексас, Лојд Догет денеска јавно го повика претседателот Џо Бајден да се повлече од трката за Белата куќа.
Догет е прв конгресмен од Демократската партија која го повика Бајден да се повлече, по лош настап на претседателот на минатонеделната дебата со Доналд Трамп.
Признавам дека, за разлика од Трамп, првата посветеност на претседателот Бајден отсекогаш била кон нашата земја, а не кон самиот себе, се надевам дека тој ќе донесе болна и тешка одлука да се повлече. Со почит го повикувам да го направи тоа, посочи Догет. ми/
фото: ЈуТјуб