Клековски: За само една година два пати ја проширивме позитивната листа на лекови, тоа значи реална заштеда на граѓаните
- СООПШТЕНИЕ - Денеска во месниот комитет Влае 2 говориме за што затекнавме пред една година и како да одиме понатаму. Не навраќајќи се како беше пред една година само да кажам дека денеска бев во можност да стигнам од настани од Охрид во Влае, говорејќи меѓу другото што успеавме да пуштиме 20 километри на автопатот Кичево-Охрид.
- Post By Фатиме Фазљији
- 11:43, 14 July, 2025
Скопје, 14 јули 2025
Денеска во месниот комитет Влае 2 говориме за што затекнавме пред една година и како да одиме понатаму. Не навраќајќи се како беше пред една година само да кажам дека денеска бев во можност да стигнам од настани од Охрид во Влае, говорејќи меѓу другото што успеавме да пуштиме 20 километри на автопатот Кичево-Охрид.
Исто така еден од примерите како било, а како е сега е фактот дека на позитивната листа 10 години не е вклучен ниту еден лек, а за само една година имаше 2 проширувања со 11 лекови на позитивната листа од најразлични подрачја кои ќе значат реални заштеди за граѓаните, помалку пари од нивниот џеб за лекови.
Продолжуваме понатаму со нов градоначалник на Карпош, со наш градоначалник на Карпош и со наш градоначалник на Скопје. Ќе постигнеме уште повеќе.
Линк од видео материјал:
https://youtube.com/shorts/BLJJQMFGYak
https://we.tl/t-061CIRJS9k
Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ВМРО-ДПМНЕ