• Sunday, 06 October 2024

Кавани го продолжи договорот со Бока Јуниорс

Кавани го продолжи договорот со Бока Јуниорс

Буенос Аирес, 5 октомври 2024 (МИА) - Бока Јуниорс објави согласност за нов договор со фудбалерот Единсон Кавани. 

Триесет и седумгодишниот Уругваец го продолжи договорот со аргентинскиот клуб до декември 2026 година.

Кавани се пресели во Бока Јуниорс од Валенсија во јули 2023 година. За аргентинскиот тим одигра 43 натпревари и постигна 20 гола.

Претходно Кавани настапуваше и за ПСЖ, Наполи, Палермо, Манчестер јунајтед и Данубио. зс/

Фото: ЕПА