• Thursday, 26 December 2024

Кавадарци се приклучи на кампањата ,,Општина на дланка" 

Кавадарци се приклучи на кампањата ,,Општина на дланка

Кавадарци, 25 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот Митко Јанчев и Општина Кавадарци се приклучуваат на кампањата „Општина на дланка“, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник. 

- Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“. Се работи за иницијатива што има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во соработка со Министерството за локална самоуправа, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија дека Општината активно соработува со овој проект, со цел подобрување на управувањето со општинските јавни финансии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори, поголем пристап до надворешни извори на финансирање и создавање услови за вклучување на приватниот сектор. свд/сст/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

You May Also Like