Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“
- Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е и традиционалниот настан посветен на виното, во февруари, во чест на верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Кавадарци, 12 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е и традиционалниот настан посветен на виното, во февруари, во чест на верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
- Обврска на правното лице е во целост да ги испланира, организира, реализира и менаџира културните манифестации, се вели во конкурсот.
Од кабинетот на Јанчев појаснија дека за разгледување на пријавите од јавниот конкурс, градоначалникот формирал петчлена комисиja составена од претставници од културните институции и општинската администрација.
- Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција, во која ќе бидат наведени средствата потребни од буџетот на Општина Кавадарци, како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци. свд/ев/
ФОТО: МИА архива