Истражување: Над 70 проценти од граѓаните поддржуваат членство во ЕУ, благ пораст и на евроскептицизмот
- Клучните наоди од истражувањето покажуваат дека евроскептичните ставови се во благ пораст и изнесуваат 14 проценти од населениетo за разлика од 2024 кога изнесувале 11 отсто, а бројот на неопределени и апатични испитаници значително се намалил изминатата година. Долготрајната разлика во поддршката за членство во ЕУ меѓу двете најголеми етнички групи - етничките Македонци и етничките Албанци - е намалена. Вкупно 71 отсто од етничките Македонци ја поддржуваат кандидатурата на државата за членство во ЕУ, што претставува зголемување од 15 отсто во споредба со претходната година. Кај етничките Албанци, пак, континуирано се изразува силна поддршка за аспирациите на земјата за членство во ЕУ. Оваа поддршка се задржува и во 2025 година, при што 76 отсто од испитаниците од оваа група се изјасниле позитивно. Сепак, овој процент е понизок за 8 отсто во споредба со претходната година.
You need to login to view this page en