Ирскиот премиер Харис даде ново ветување за ангажманите со Израел
- Ирскиот премиер Сајмон Харис вети дека ќе ги продолжи директните односи со Израел за постигнување прекин на огнот во Газа, откако израелската амбасада во Даблин соопшти дека ќе се затвори.
Даблин, 23 декември 2024 (МИА) – Ирскиот премиер Сајмон Харис вети дека ќе ги продолжи директните односи со Израел за постигнување прекин на огнот во Газа, откако израелската амбасада во Даблин соопшти дека ќе се затвори.
Во денешниот телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас, Харис го повторил своето барање за траен прекин на огнот, слободен проток на хуманитарна помош во Газа и ослободување на сите заложници, пренесе ДПА.
На почетокот на овој месец, Израел соопшти дека ќе ја затвори својата амбасада во Даблин, при што израелскиот министер за надворешни работи ја обвини Ирска за „антисемитска реторика“ и за преминување на „секоја црвена линија во нејзините односи со Израел“.
Харис ги отфрли тврдењата и го обвини Израел дека го „одвлекува вниманието“ од смртта на децата во конфликтот.
Денеска тој му ја повтори на Абас „солидарноста и нераскинливата поддршка“ на народот на Ирска кон палестинскиот народ. јт/
Фото: ЕПА