• Monday, 28 October 2024

Иран: Не бараме војна со Израел, но ќе дадеме соодветен одговор

Иран: Не бараме војна со Израел, но ќе дадеме соодветен одговор

Техеран, 27 октомври 2024 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.

- Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја, рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.

- Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режим, додаде тој. јт/

Фото: ЕПА