• Monday, 28 October 2024

Иран најави продолжување на цивилните летови по прекинот поради израелските воздушни напади

Иран најави продолжување на цивилните летови по прекинот поради израелските воздушни напади

Техеран, 26 октомври 2024 (МИА) – По израелските напади во Иран и затворањето на иранскиот воздушен простор, цивилната авијација ќе продолжи нормално да функционира, соопшти утрово воздухопловната управа на земјата.

Авиокомпаниите може да се вратат во нормални операции од 9 часот наутро (0530 GMT), иако на патниците им се препорачува да контактираат со нивните авиокомпании, јави државната новинска агенција ИРНА, пренесе ДПА.

Израелскиот напад врз воените постројки се очекуваше со денови, откако иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда истрела околу 200 балистички проектили врз Израел на 1 октомври.

Иран навести дека ќе возврати, но не кажа како и кога. јт/