• Sunday, 27 October 2024

Иранскиот парламент заседава зад затворени врати по израелските напади

Иранскиот парламент заседава зад затворени врати по израелските напади

Техеран, 27 октомври 2024 (МИА) - Еден ден откако Израел нападна цели во Иран, Парламентот во Техеран денеска одржува седница зад затворени врати за да го разгледа евентуалниот одговор на нападот, јави ДПА.

Дискусиите ги води претседателот на парламентот, Мохамад Багер Калибаф, поранешен генерал во Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објавија локалните медиуми.

Според државната новинска агенција, Калибаф рекол дека воениот одговор на Иран на израелските напади е сигурен, иако тој го опиша како „пасивен“.

Калибаф се повика на правото на самоодбрана во согласност со Повелбата на ОН. Во исто време, тој ја истакна потребата да за прекин на борбените дејствија Либан и во Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива