• Wednesday, 17 July 2024

ИОМ: Повеќе од 10 милиони Суданци се протерани од своите домови

ИОМ: Повеќе од 10 милиони Суданци се протерани од своите домови

Повеќе од 10 милиони Суданци, или 20 отсто од населението во земјата, се протерани од своите домови од почетокот на војната, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ) додека кризата продолжува да се влошува.

Ова се најновите застрашувачки бројки од источноафриканската земја опустошена од конфликтот што започна во април 2023 година. Како резултат на војната, половина од 50-милионското население е во опасност од глад и има потреба од хуманитарна помош.

Од почетокот на војната, повеќе од 2,2 милиони луѓе побегнале во други земји, а речиси 7,8 милиони побарале засолниште во други делови на Судан, се вели во извештајот на ИОМ за хуманитарната ситуација што организацијата го објавува на секои два месеци.

Уште 2,8 милиони луѓе веќе се раселени како резултат на претходните конфликти во земјата.
Борбите меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), кои избувнаа во главниот град Картум минатата година, брзо се проширија во Дарфур на запад откако СРФ ја презеде контролата врз повеќето урбани центри.

Експертите на ОН велат дека гладот ​​го заменил насилството како главен двигател на миграцијата од Дарфур, каде што се соочуваат со тешкотии во испораката на помош. мс/

фото: МИА архива