• Sunday, 28 July 2024

ИОК на превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

ИОК на превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август. зс/

Фото: ЕПА