• Wednesday, 15 May 2024

Инзаги: Сакам сите од сегашниот состав да останат и за следната сезона

Инзаги: Сакам сите од сегашниот состав да останат и за следната сезона

Милано, 5 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази надеж дека клубот ќе може да ги задржи клучните играчи во новата сезона.

Во текот на оваа сезона, „нероазурите“ убедливо ја освоија титулата во Серија „А“, со само два порази во 35 кола - двата против Сасуоло, од кои вториот беше синоќа.

-Веќе разговарав со управата и кажав дека сакам сите од сегашниот состав да останат и следната сезона. Со оглед на тоа колку натпревари треба да одиграме, потребен ни е поголем состав, а не пократок, прокоментира Инзаги, кој го направи Интер шампион на пет кола пред крајот. дс 

Фото: Архива