• Friday, 04 October 2024

Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври

Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври

Стокхолм, 3 октомври 2024 (МИА) - Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври во Стокхолм и Осло, објавено е на веб-страницата на одборот за доделување на наградата.

Како што се наведува, прво традиционално ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина на 7 октомври во Стокхолм, додека добитникот на наградата за физика ќе биде познат ден подоцна, чие име ќе биде објавено во Кралската шведска академија на науките, исто така во главниот град на Шведска.

Kako se navodi, najpre će tradicionalno biti objavljeno ime dobitnika Nobelove nagrade za fiziologiju ili medicinu 7. oktobra u Stokholmu, 

Името на добитникот на наградата за хемија ќе биде познато на 9 октомври, а ден подоцна ќе биде објавен и добитникот на Нобеловата награда за литература, исто така во Стокхолм. рп/

Фото: МИА архива