• Monday, 17 March 2025

Израел продолжува со индиректните преговори со „Хамас“ за прекин на огнот

Израел продолжува со индиректните преговори со „Хамас“ за прекин на огнот

Тел Авив, 16 март 2025 (МИА) - Израел ќе продолжи со индиректните преговори со палестинската групација „Хамас“ за продолжување на кревкото примирје во Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Премиерот ги задолжи преговарачите да се подготват за продолжување на разговорите“, се наведува во соопштението на израелската влада по состанокот со безбедносните служби.

Преговорите ќе се водат врз основа на одговорот на посредниците за предлогот на американскиот пратеник Стив Виткоф, кој вклучува ослободување на 11 живи заложници и враќање на дел од починатите.

Од почетокот на примирјето на 19 јануари, „Хамас“ ослободи 33 заложници, вклучувајќи осум загинати, а Израел пушти на слобода околу 1.800 палестински затвореници. Во Газа сè уште се наоѓаат 58 заложници, од кои 34 се сметаат за мртви. ссм/

фото: архива