• Sunday, 20 July 2025

Израел издаде предупредување за Израелците во странство по нападите врз Иран

Израел издаде предупредување за Израелците во странство по нападите врз Иран

Тел Авив, 13 јуни 2025 (МИА) - Израелскиот Национален совет за безбедност ги повика Израелците во странство да бидат дополнително претпазливи поради стравот од одмазднички напади како одговор на воздушните напади на Израел врз иранските нуклеарни и воени објекти.

Советот ги повикува луѓето да избегнуваат јавно прикажување израелски или еврејски симболи, да избегнуваат големи еврејски или израелски настани и да не споделуваат планови за патување преку интернет, објавија израелските медиуми.

Патниците исто така се повикуваат да бидат внимателни на јавни места, да ги следат локалните безбедносни упатства и веднаш да пријават сомнителни активности. мс/

фото: МИА архива