• Friday, 08 November 2024

Израел вети одмазда против Иран „во место и време за кое ние одлучуваме“

Израел вети одмазда против Иран „во место и време за кое ние одлучуваме“

Teл Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Израел вети дека ќе возврати по денешниот ирански ракетен напад, а портпаролот на армијата рече дека одговорот ќе биде во време и место што ќе го изберат тие.
„Овој напад ќе има последици. Имаме планови и ќе оперираме на место и време за кое ние ќе одлучиме“, изјави портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари.

Службите за итни случаи соопштија дека најмалку две лица се здобиле со лесни повреди за време на ракетниот напад.

„Во моментов нема извештаи за повредени од нападот кон Израел, освен две лесни повреди од шрапнели во областа на Тел Авив и некои полесни повреди на национално ниво додека се движеле кон безбедни простори“. зш/

Фото: ЕПА