• Saturday, 28 September 2024

Израелските ВВС гранатираа предградија на Бејрут

Израелските ВВС гранатираа предградија на Бејрут

Бејруит, 27 септември 2024 (МИА) - Израелски воени авиони попладнево извршија серија напади врз јужни предградија на Бејрут, објавија либанските државни медиуми.
Портпаролот на ИДФ (Израелската армија)  Даниел Хагари изјави дека израелските ВВС го нападнале главниот штаб на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут. Хагари вели дека штабот бил изграден под цивилни згради во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах во Бејрут.

Снимките објавени од либанските медиуми ги покажуваат масовни напади. зш/
фото Инстаграм