• Sunday, 23 February 2025

Израелска војска: Хамас ослободи шест заложници

Израелска војска: Хамас ослободи шест заложници

Тел Авив, 22 февруари 2025 (МИА) - Израелската армија соопшти дека палестинската милитантна група Хамас на Црвениот крст му предала уште еден израелски заложник, со што вкупниот број на денеска предадени заложници достигна - шест.

Според „Тајмс оф Израел“, Црвениот крст го известил Израел дека од Хамас го презел Хишам ал-Сајед.

Ал-Сајед ќе биде префрлен кај израелските сили во Појасот Газа, а оттаму ќе биде изнесен од ова подрачје.

Претходно, израелската војска соопшти дека беа ослободени тројца заложници – Омер Шем Тов, Елија Коен и Омер Венкерт, по 505 дена поминати во заробеништво. Утрово беа ослободени првите двајца заложници.

Хамас претходно најави дека денеска ќе ослободи вкупно шест израелски заложници. ссм/

фото: ЕПА