Израелска војска: Убиен командант на Хезболах во Либан
- Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во воздушен напад е убиен командант на Хезболах во јужното либанско село Кафр Кила, кој се сметал за одговорен за смртоносниот напад со противтенковска ракета во јануари.
- Post By Сања Костовска
- 14:30, 6 October, 2024
Тел Авив, 6 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во воздушен напад е убиен командант на Хезболах во јужното либанско село Кафр Кила, кој се сметал за одговорен за смртоносниот напад со противтенковска ракета во јануари.
„Хачер Али Тавил е одговорен за нападот во кој беа убиени Барак Ајалон (45) и неговата мајка Мири Ајалон (76), кога противтенковска ракета погоди нивната куќа во Кфар Јувал, на северот од Израел“, се додава во соопштението. ссм/
фото: архива