Израелската полиција ги проценува заканите по нападот врз Иран
- Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир и началникот на израелската полиција, Дени Леви утрово учествуваа на состанокот на кабинетот за безбедност, по нападот на израелските сили врз Иран, соопшти полицијата.

Тел Авив, 13 јуни 2025 (МИА) - Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир и началникот на израелската полиција, Дени Леви утрово учествуваа на состанокот на кабинетот за безбедност, по нападот на израелските сили врз Иран, соопшти полицијата.
Состанокот го свика премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, а тема на дискусија беше проценка на „очекуваните закани и предизвици за Државата Израел и израелската полиција“, се наведува во официјалното соопштение, објави „Тајмс оф Израел“.
Леви издаде наредба за „широко распоредување на силите, активирање на командните центри, присуство на команданти на терен и целосна подготвеност за сите можни сценарија“. рп/
Фото: МИА архива