• Saturday, 28 September 2024

Израелската армија соопшти дека извршила нови напади против Хезболах во Јужен Либан

Израелската армија соопшти дека извршила нови напади против Хезболах во Јужен Либан

Тел Авив, 27 септември 2024 (МИА) -  Израелската војска денеска соопшти дека извршува нови напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, неколку минути откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави во ОН дека операциите против либанската вооружена група ќе продолжат.

Израелската војска „моментално напаѓа терористички цели на терористичката организација Хезболах во јужен Либан“, се вели во соопштението на војската.

Нападите се изврпшуваат веднаш откако Нетанјаху вети дека ќе продолжи да го таргетира Хезболах во Либан.

„Ќе продолжиме да го деградираме Хезболах додека не се исполнат сите наши цели“, им рече тој на светските лидери во ОН.

Во посебна изјава, министерот за одбрана Јоав Галант, исто така, вети дека ќе ги победи „израелските непријатели блиски и далечни“. зш/