• Saturday, 18 January 2025

Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари

Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари. Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои и кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа - прегазила дете и треба да оди во затвор. Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката. 

Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје.  Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  мд/дма/

Фото: МИА архива