• Sunday, 06 October 2024

Извлечени осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија

Извлечени осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија

 

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) – Со жрепка попладнево во седиштето на ФФМ во Скопје бе извлечени паровите за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.

Бранителот на титулата Тиквеш ќе му гостува на скопски Вардар, додека шампионот Струга ќе биде домаќин на Македонија ЃП.

Преостанатите осминафинални парови се Брера Академија Пандев – Беса, Гостивар – Брегалница, Пелистер – Детонит Плачковица, Шкендија – Шкендија Арачиново, Силекс – Шкупи и Аресими – Воска.

Осминафиналните натпревари на програмата се на 23 октомври со почеток во 14 часот. ег

ФОТО: ФФМ