ИДФ уапсија 45 Палестинци од Западниот Брег
- Комисијата за затвореници и поранешни затвореници и Здружението на палестински затвореници во заедничко соопштение наведоа дека апсењата биле извршени во градовите Хеброн, Наблус, Тубас, Тулкарм, Рамала и Ерусалим, а биле проследени со рации и малтретирање, напади и закани за затворениците и нивните семејства, вклучително и вандализам и уништување на домовите на палестинските граѓани, пренесе агенцијата Вафа.
- Post By Сашко Димевски
- 15:13, 8 January, 2025
Рамала, 8 јануари 2025 (МИА) - Во последните 24 часа, израелските сили на Западниот Брег приведоа најмалку 45 лица, меѓу кои две жени и едно дете.
Комисијата за затвореници и поранешни затвореници и Здружението на палестински затвореници во заедничко соопштение наведоа дека апсењата биле извршени во градовите Хеброн, Наблус, Тубас, Тулкарм, Рамала и Ерусалим, а биле проследени со рации и малтретирање, напади и закани за затворениците и нивните семејства, вклучително и вандализам и уништување на домовите на палестинските граѓани, пренесе агенцијата Вафа.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број Палестинци заробени на Западниот Брег од 7 октомври досега се зголемил на над 11.000. Оваа бројка ги вклучува и оние кои биле уапсени во нивните домови, на воени контролни пунктови, како и оние кои се предале под притисок или биле земени како заложници.сд/
фото:МИА архива