Земјите од ЕУ повикуваат на „максимална воздржаност“ и почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран
- Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.
- Post By Марија Спасовска
- 20:41, 1 March, 2026
Брисел, 1 март 2026 (МИА) - Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.
„Повикуваме на максимална воздржаност, заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението издадено од Калас во име на сите земји-членки на ЕУ. мс/
фото: ЕПА архива