• Saturday, 13 December 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

Рим, 20 август 2025 (МИА) – Здружението на тренери во Италија бара од првиот човек на националната фудбалска федерација Габриеле Гравина да испрати барања до ФИФА и УЕФА за времена суспензија на израелската репрезентација од меѓународни натпревари, објави „АНСА“.

Во барањето се наведува дека израелската репрезентација треба да биде суспендирана поради ситуацијата во Појасот Газа.

Италијанската и израелската репрезентација се во иста група во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. 

Меѓусебниот натпревар на Италија и Израел е закажан за 8 септември на неутрален терен во Унгарија. На 14 октомври, двете репрезентации треба да играат во Удине, Италија.

По два натпревара, Италија е на третото место со три бода, Изреал е втор со шест освоени бода по три одиграни натпревари. зс/

Фото: ЕПА