• Friday, 31 January 2025

За кого ќе гласаат младите Германци?

За кого ќе гласаат младите Германци?

28 јануари 2025

Дојче Веле

2,3 милиони млади луѓе во Германија ќе можат првпат да гласаат на изборите за Бундестагот на 23 февруари. Што ќе им биде важно и кои партии би можеле да ги добијат нивните гласови?

Бие звоното во стручното училиште Ханс-Швиер во Гелзенкирхен, пишува Дојче веле. 10 часот е, почнува третиот школски час. Одделнието  на идни оџачари имаат лекција по политика - со практичен експеримент. Тие ги симулираат изборите за Бундестагот во 2025 година со сè што оди со нив. Тие ги анализираат партиските програми, симулираат коалициски преговори и вежбаат гласање, користејќи рачно изработена гласачка кутија. Оваа училишна активност има за цел да ја зголеми политичката свест, особено во пресрет на претстојните сојузни избори.

„Мислам дека часот по политика на училиште е корисен за мене, но и за другите, за стекнување на општо знаење“, вели 22-годишниот Џани. Една тема му е особено важна пред изборите: „Мислам дека во моментов многу се обвинуваат странците и се тврди дека Германија не функционира како што треба. Но, верувам дека многу од пречките се резултат на различни прописи и дека проблемот не се секогаш странците“.

Џани веќе одлучил за која партија ќе гласа. Многу други студенти се уште не се сигурни за кого ќе гласаат, но знаат кои прашања им се важни при изборот.

„Каде се уште може да се живее?

„Сè уште живеам дома, но размислувам да се иселам кога ќе го завршам училиштето. Прашањето е: што можам да си дозволам? Каде би можел да живеам? вели 21-годишната Теа, студентка која студира да работи на полето на третман на отпадни води. Таа не беше секогаш задоволна од работата на владејачката коалиција составена од СПД, Зелените и ФДП.

„Партиите на власт премногу разговараа за некои теми, а направија премалку“, вели таа.

Сè што споменува Теа вклучува и други млади гласачи во Германија на возраст меѓу 18 и 24 години, објаснува Јерг Шененборн, експерт за избори во јавниот радиодифузен сервис АРД. Инфлацијата и цените во моментов се најголема грижа на младите. Типично е и тоа што сакаат промени. На претходните избори за Европскиот парламент тоа особено се одрази на гласањето за помалите партии. Партиите како Волт, кои не се застапени во германскиот Бундестаг, добија речиси една третина од гласовите на младите.

Младите сè уште не се толку фиксирани во однос на партијата и кандидатите за кои сакаат да гласаат и се повеќе склони да експериментираат, вели Шененборн. Сепак, „за сојузните избори важат различни правила за гласање. Во оваа смисла, веројатно е дека ќе се одлучува за опозициските партии во Бундестагот“, додава тој. „На изборите во 2021 година ФДП и Зелените добија најголема поддршка од младите, додека на европските избори минатата година тоа беа ЦДУ/ЦСУ и АфД. Шененборн предвидува дека опозицијата и овојпат ќе има поголеми шанси кај младите.

Прашањата со миграцијата се сè поважни

Во стручното училиште во Гелзенкирхен, фокусот е на практично политичко образование со цел учениците подобро да се информираат за политиката. Многумина ги добиваат своите информации исклучиво преку ТикТок, каде што АфД е особено присутна. Така 19-годишниот Џанлука минатата година стапил во контакт со оваа партија. Тогаш кон оваа партија го привлекоа изјавите на АфД за миграциската политика, па затоа и гласаше за нив на европските избори во 2024 година.

Денеска би донел поинаква одлука: „Мислам дека не беше правилно, но во тој момент ги имаа, морам да признаам, вистинските аргументи за мене“. За него тоа беше пред се политика кон мигрантите. На сојузните избори најверојатно ќе гласа за некоја од помалите партии, вели Џанлука. Со поголемите партии не се чувствува разбран и препознаен.

Апел за повеќе понуди политичко образование

Франк Гројел, научник од Германскиот институт за политизација на младите, забележува дека миграцијата станала важно прашање и за младите генерации во Германија. „Тоа има многу врска со фактот дека АфД успеа да ја направи миграцијата значајно прашање и да ги поврзе сите релевантни прашања за економијата и социјалната правда со прашањето на миграцијата. Таа партија овие содржини ги шири и преку социјалните мрежи.

Греуел повикува на зголемување на нивото на политичко образование - начинот на кој тоа го прават во гимназијата во Гелзенкирхен. На крајот од двојната лекција, учениците гласаат. Но, резултатите од гласањето се само за интерна употреба.сд/