За два дена пријавени над 100 верници за положувањето на Светиот крст во водите на Радика
- За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани. Се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чин да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на телефонскиот број +389 70 342 970.
You need to login to view this page en