За викендов ветер и слаб снег, од понеделник повисоки дневни температури
- Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час.
Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Следната недела минималната темература ќе биде во интервал од -4 до осум степени, а максималната од осум до 20 степени. мд/са/
Фото: МИА архива