• Friday, 31 January 2025

Започна изградбата на два крака од улица ,,Јане Сандански “ во Берово

Започна изградбата на два крака од улица ,,Јане Сандански “ во Берово

Берово, 30 јануари 2025 (МИА) - Во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2024 година,  преку Министерството за транспорт започна реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата „Јане Сандански“ во Берово. 

Како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој денеска изврши увид во работите ќе се реконструираат двата крака од улицата, во должина од околу 200 метри. 

-Предвидено е отстранување на стариот и оштетен асфалт, одводнување , монтажа на коловозни рабници и асфалтирање на крак 1. Вториот крак ќе биде изведен со бехатон плочки, како колско - пешачка патека со ширина од 2,5  до 3,5  метри, а ќе бидат поставени и бетонски рабници, истакна Пекевски.

Реконструкцијата на оваа улица, според него, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

-Со тоа паралелно ќе овозможиме обезбедување на полесен пристап до централно градско подрачје на жителите од овој дел од градот, додаде Пекевски.

Вкупната инвестициона вредност за реконструкција на двата крака, изнесува 1.509.152,00 денари. вс/сст/


Фото: МИА


 

You May Also Like