• Thursday, 07 November 2024

Заменик-министерот Јаќимоски се обрати на конференцијата „Социјален дијалог – состојба, преспектививи и предизвици“

Заменик-министерот Јаќимоски се обрати на конференцијата „Социјален дијалог – состојба, преспектививи и предизвици“

Скопје, 1 октомври 2024 
 
Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт, денеска се одржа конференција на тема “Социјален дијалог – состојба, преспектививи и предизвици”, на која воведно обраќање имаше Заменик миниситерот на јавна админситрација – проф. др. Лазе Јаќимоски.


Заменик министерот во своето излагање истакна дека со социјалниот дијалог, кој во својата суштина, е за поттикнување на конструктивни односи меѓу Владата, работодавачите, работниците и граѓанското општество, претставува столб на доброто владеење, двигател на општествениот напредок и критичен механизам во обликувањето на политиките што ќе ја дефинираат иднината на нашата држава.


Заложбите на Министерството за јавна администрација, се насочени кон негување култура на отворен дијалог. “Веруваме дека колаборативното управување е клучот за постигнување долготрајни, позитивни резултати и за нашата работна сила и за заедниците на кои им служиме.” - истакна заменик министерот Јаќимоски.
 
Целта на министерството е да се гради и унапредува врз основа на доверба и партнерство, осигурувајќи дека јавни услуги се развиваат во согласност со потребите на општеството, истовремено чувајќи ги правата и благосостојбата на вработени.


Во рамки на конференцијата, активно учество имаше и Иван Нинески, раководител на секторот за човечки ресурси при министерството за јавна администрација, кој истакна дека министерството е секогаш отворено за соработка и дискусија со сите засегнати страни, а во насока на изнаоѓање одржливи решенија за вработените во јавниот сектор.
 
 Кабинет на министер за јавна администрација

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Министерство за јавна администрација