• Wednesday, 15 April 2026

Заеднички активности на ЈУНП „Пелистер“ и ЈОУ „ЗОО Градина“-Битола

Заеднички активности на ЈУНП „Пелистер“ и ЈОУ „ЗОО Градина“-Битола

Битола, 14 април 2026 (МИА) - Јавните установи Национален парк „Пелистер“ и „Зоолошка Градина“ Битола со заеднички активности ја продлабочуваат меѓусебната соработка.

На иницијатива на ЈУНП „Пелистер“, вработени од установата доделија и поставија дополнелни содржини во битолската Зоолошка градина кои ги поставија во повеќе живеалишта на тамошниот животински свет.

-Во ЈУ „Зоолошка градина“ извршивме оплеменување на повеќе живеалишта со кои се приближува природата на животинскиот свет во градината. Исто така со внесената новина се предизвикува поголем интерес од страна на посетителите кои сега уживаат во подобрениот природен амбиент во Зоолошката градина, посочија од ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Битолската „Зоолошка градина“ најави дека ќе го зголеми и збогати животинскиот свет со вдомување на животни од зоолошките градини од Скопје и Белград.мт/вј/

Фото: ЈУНП „Пелистер“ Битола