Завршува реконструкцијата на две улици во штипската населба Сењак
- – Завршува целосната реконструкција на улиците „Дуго Село“ и „Митрашинска“ во штипската населба Сењак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека претходно на овие две улици се замени старата водоводна и канализациона мрежа, а денеска почна нивното асфалтирање. Тој додаде дека зголемените цени на нафтата и материјалите може да влијаат врз динамиката на реализацијата на останатите проекти, кои треба да се реализираат во текот на градежната сезона.
Штип, 30 март 2026 (МИА) – Завршува целосната реконструкција на улиците „Дуго Село“ и „Митрашинска“ во штипската населба Сењак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека претходно на овие две улици се замени старата водоводна и канализациона мрежа, а денеска почна нивното асфалтирање.
Тој посочи дека зголемените цени на нафтата и материјалите може да влијаат врз динамиката на реализацијата на останатите проекти во текот на градежната сезона.
-Во агендата и предвидениот план за работа се ставени и други улици, кои ќе бидат исто уредени во периодот кои што ќе следи. Она кое ќе биде како предизвик е ценовните зголемувања на материјалите, со кои се врши практично асфалтирање, зголемувањето на цената на нафтата и цената на чинење на асфалтната маса е предизвик, a кои што ќе влијаат на динамиката на работата. Но, посакувам сето она кое што го имаме во план да биде завршено - рече Јорданов.
Штипскиот градоначалник најави и дека деновиве ќе почне трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзе две постоечки сообраќајници. Станува збор за нова улица од населбата Каваклија до кружниот тек кај зградата Порта пролет во Штип. вдј/рп/
Фото: МИА