• Thursday, 23 April 2026

ЕУ неделата на можности во Србија почнува од понеделник

ЕУ неделата на можности во Србија почнува од понеделник

Белград, 18 април 2026 (МИА) -  Третото издание на Неделата на можности на ЕУ ќе се одржи во Србија во три града, од 20 до 23 април 2026 година, а во текот на четири тематски дена фокусот ќе биде ставен на успешните корисници, новите повици и практичните насоки за учество во иницијативите на ЕУ. Во текот на сите четири дена, учесниците ќе можат директно да се поврзат со претставници на програмата и да разговараат со оние кои успеале да добијат поддршка.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, а главниот говор на првиот ден ќе го одржи Аиво Каиконен од Европската инвестициска банка.

„И ти можеш“ е главната порака на Неделата на можности на ЕУ, која ја организираат Делегацијата на Европската Унија во Србија и Европската куќа со повеќе од 50 национални и меѓународни партнери.

Референтните говорници ќе презентираат специфични можности за граѓаните, претприемачите, младите, граѓанското општество и локалните заедници и ќе бидат отворени за сите прашања и решавање на сомнежи.

Посетителите ќе имаат можност директно да разговараат со претставници на сите програми на ЕУ достапни за Србија, за можностите за финансирање, процесот на аплицирање и имплементацијата на проекти.

Неделата на можности на ЕУ беше организирана за првпат во 2023 година, а во претходните две изданија привлече илјадници граѓани, претприемачи, културни работници и бројни други, кои научија се што ги интересира на патот до можна поддршка од ЕУ или, генерално, за можностите што ги нуди Унијата и нејзините земји-членки. зш/рп/