• Thursday, 27 June 2024

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува израелските „планови за ширење војна“ во Либан

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува израелските „планови за ширење војна“ во Либан

Анкара, 26 јуни 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини западните сили дека ги поддржуваат, како што рече, израелските планови за напад на Либан и „ширење војна“ низ целиот регион.

„Израел сега го насочува својот нишан кон Либан и гледаме дека западните сили зад сцената го тапкаат Израел по грбот, па дури и го поддржуваат“, им рече тој на пратениците од неговата владејачка партија АКП.

„Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ќе доведат до голема катастрофа“, нагласи Ердоган. паг/

Фото: МИА архива