• Friday, 06 March 2026

Едукативна превентивна активност во борбата против рак на дебело црево во Кавадарци

Едукативна превентивна активност во борбата против рак на дебело црево во Кавадарци

Кавадарци, 6 март 2026 (МИА) - Едукативна превентивна активност во борбата против рак на дебело црево се реализира денеска на кавадаречкиот градски плоштад, во организација на Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Кавадарци во соработка со аптеки „Бела фарм“.

- Март месец е месец за превенција од рак на дебело црево, колоректален карцином. Преку делење флаери и совети, го едуцираме населението за симптомите, ризик факторите, превенцијата и медицинската заштита. Поделивме и тестери како пробиотици и масти. Патем, меревме крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани, рекоа за МИА, докторките по општа медицина, Радица Несторова и Васка Ташева Вељанова.

Тие посочија дека вакви превентивни акции ќе се организираат и во иднина, како и впрочем досега. Со цел населението навреме да биде едуцирано и превентивно да се влијае за подобро здравје на сите. свд/

Фото: МИА

You May Also Like