ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата за корупција и уцена
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 22 февруари 2025
Демократската унија за интеграција (ДУИ) го разоткрива големиот скандал што се случува во Министерството за животна средина, каде што по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдено злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет.
Врз основа на решението на Инспекторатот за администрација со број 11-1653/2024 од 17.01.2025 година, Изет Меџити е целосно лишен од своите надлежности, кои се пренесени на Дирекцијата за животна средина.
Со оваа одлука, новиот директор е задолжен да не испраќа на потпис во кабинетот на Меџити ниту еден документ од клучните сектори на министерството, вклучувајќи го Секторот за природа, води, отпад, животна средина и индустриско загадување.
Овие сектори сочинуваат над 70% од надлежностите на Министерството за животна средина, што го прави овој потег невиден преседан.
Оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле условувани од кабинетот на Меџити да даваат мито во замена за административни услуги.
Ова е најјасен доказ за заробеноста на институциите од корупцијата и неспособноста на актуелната влада да обезбеди чиста и функционална администрација.
ДУИ остро ја осудува оваа ситуација и ги повикува правосудните органи веднаш да отворат истрага за одговорните, како и да обезбедат граѓаните и бизнисите повеќе да не бидат жртви на државна уцена и корупција.
ДУИ ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и да разоткрива секој обид за злоупотреба на власта од страна на неспособни и корумпирани функционери.
ДУИ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива