Државниот архив во Кочани ќе промовира ново издание, а ќе биде отворена и изложба за АСНОМ
- Државниот архив денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани ќе го промовира изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М.Селишчев (историја на една мистификација)“ од еден од авторите, д-р Бранислав Светозаревиќ.
Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Државниот архив денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани ќе го промовира изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М.Селишчев (историја на една мистификација)“ од еден од авторите, д-р Бранислав Светозаревиќ.
После промоцијата ќе биде отворена изложбата „АСНОМ-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ од д-р Јасмина Дамјановска, една од авторите.
Изложбата ќе биде поставена во библиотеката до 1 февруари 2025 година при што ќе може да ја посетат сите заинтересирани граѓани.
Настанот се реализира врз основа на меѓуинституционалната соработка меѓу Државниот архив и ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани. ев/
ФОТО: Државен архив - покана