Димитриеска-Кочоска: Како држава одлично се справуваме со состојбите, лесно е да се донесат сет мерки, но треба да се внимава да не се подгрее инфлацијата
- - Треба внимателно да ги следите состојбите и секогаш да гледате колку имате простор во буџетот. Многу е едноставно ако одлучиме денес да направиме буџетски дефицит од 8 проценти како што имавме некогаш, но тоа некој во иднина треба да го плати. Сметам дека една одговорна влада треба да ги таргетира внимателно мерките и да одлучува навремено. Ова е момент кога и светските експерти зборуваат дека треба да се штеди. Треба да штедат и компаниите и домаќинствата, треба да штедат сите затоа што никој не знае колку ќе трае. Она што мене ме измачува е колку време ќе треба да се вратат во првобитната состојба капацитетите што сега се уништени, каде што се произведува нафтата. Можеби војната ќе заврши за една недела од денес, можеби ќе успеат да се договорат, но никој не знае точно каква е состојбата со капацитетите, а бројките покажуваат дека повеќе од 7 проценти од капацитети се уништени и тоа е сериозна бројка, која очигледно ќе има влијание во еден подолг период - истакна Димитриеска-Кочоска.
You need to login to view this page en