• Saturday, 27 July 2024

Дејвис се договори за слободен трансфер во Реал Мадрид во летото 2025 година

Дејвис се договори за слободен трансфер во Реал Мадрид во летото 2025 година

Минхен, 26 јули 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис следното лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид, пренесува АС.

Според изворот, „белиот балет“ летово можел да го договори трансферот на 23-годишниот Канаѓанец откако понудил 35 милиони евра за дефанзивецот, но Баерн барал 50 милиони и зделката пропаднала.

Во оваа насока, Реал Мадрид се договорил со Дејвис за слободен трансфер следното лето кога ќе му истече договорот со Баварците.

Дејвис игра за Баерн од 2019 година. Во сезоната 2023/24 одигра 42 натпревари за тимот, постигнувајќи 3 гола и 6 асистенции. дс

Фото: Архива