Дешам: Во одреден момент треба да кажете доста е
- Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп зборуваше за неговата одлука да ја напушти функцијата во во 2026 година.
Париз, 8 јануари 2025 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп зборуваше за неговата одлука да ја напушти функцијата во во 2026 година.
- Овде сум од 2012 година, имам планови до 2026 година, следното Светско првенство. Ќе застанам таму затоа што во одреден момент мора да се каже доста е. Не знам што ќе биде понатаму, но исто така ќе испадне многу добро, изјави Дешам за „RMC Sport“.
Педесет и шестгодишниот специјалист ја предводи француската репрезентација од 2012 година.
Под водство на Дешам „Триколорите“ ги освоија Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2020/21, а исто така стигнаа до финалето на Евро 2016 и Светското првенство 2022 година. зс/
Фото: ЕПА