• Tuesday, 18 March 2025

Ден на жалост во БиХ поради трагедијата во Северна Македонија

Ден на жалост во БиХ поради трагедијата во Северна Македонија

Сараево, 18 март 2025 (МИА) – Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани, Северна Македонија, поради што знамињата на зградата на Претседателството на БиХ и други институции ќе бидат спуштени на половина копје.

Владата на Федерација БиХ на вчерашната итна седница го прогласи 18 март за Ден на жалост.

Ден на жалост прогласи и Република Српска и властите во дистриктот Брчко.

Одлуката е донесена поради изразување сочувство до семејствата на жртвите.

Во пожар што изби во дискотека во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 150 се хоспитализирани. ми/

фото: МИА архива