• Sunday, 02 February 2025

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Утре ќе биде се уште релативно топло, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне облачноста ќе се зголеми.

Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник особено претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.

Услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник на истокот. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање. сст/са/

Фото: МИА архива