• Saturday, 22 February 2025

Демократско движење одржа обука со своите функционери

Демократско движење одржа обука со своите функционери

Скопје, 2 февруари 2025

Демократското движење одржа значајна обука со своите функционери, фокусирајќи се на градење на нова политичка сила што носи свежина и вистински промени.

За време на оваа обука беше потенцирано значењето на создавање силна структура во секоја општина каде што живеат Албанци, со цел да биде движење блиску до граѓаните во секоја населба, село и град. 

Демократското движење нагласи дека им се приклучуваат сè повеќе млади луѓе, чесни и со интегритет, кои носат нова енергија и храбри идеи.

„ДД не нуди истрошени политички фигури, туку нова визија за албанската политика. Ова движење гради нова генерација политичари, ослободени од корупцијата и минатото, со јасен план и способност да донесат конкретни резултати. Политиката на ДД се темели на работа, а не на зборови, со заложба за нудење решенија наместо изговори. Поради тоа, вложувањето во човечкиот капацитет и слушањето на гласот на народот остануваат главни приоритети“, стои во соопштението на Демократското движење.

Градењето на тим способен за одговорно управување е клучно за Демократското движење, со посебен акцент на принципот дека власта е одговорност, а не привилегија, или како што велат: „Секој функционер треба да биде во служба на граѓаните“.

На оваа обука беше нагласена и важноста од познавање на институциите, законите и државните процедури.

„ДД не сака политичари што ќе се загубат во бирократијата, туку луѓе кои знаат како да им помогнат на граѓаните, како да решаваат проблеми и како да бидат мост меѓу народот и државата“, се вели во соопштението.

Демократското движење, како што истакнаа, ги отвора вратите за нова генерација, чиста и некорумпирана, нудејќи им можност на оние кои никогаш не биле дел од коруптивните кругови.

„Оваа политичка сила е создадена од народот и работи за народот, градејќи вистинско движење за целиот нацин, а не само партија за поединци“, велат од ДД.

Според нив, оваа обука означи значаен чекор во развојот на Демократското движење, давајќи приоритет на формирањето на силен и подготвен тим за предизвиците на одговорното управување.

Демократско движење

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки